УБЕДЛИВО ВОДСТВО НА ВМРО-ДПМНЕ ПРЕД СИТЕ ДРУГИ ПАРТИИ Кога во недела би биле избори, тоа би изгледало вака

Мицкоски најави дека измените на Изборниот законик ќе влезат во собраниска процедура по 11 јануари, односно по завршувањето на локалните избори во четирите општини каде што не се избраа градоначалници поради немање цензус. 

138

ВМРО-ДПМНЕ би излегла како апсолутен победник доколку оваа недела се одржат парламентарни избори, покажуваат резултатите од теренската и телефонската анкета што за потребите на партијата ги спровеле ИПСОС и ИПИС.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска на брифинг со новинарите ги обелодени бројките од анкетите направени во ноември.






Според истражувањето, доколку оваа недела би се одржале избори од вкупниот број на гласови партиите би освоиле:

ВМРО-ДПМНЕ: 25% – 28%

Вреди: 7% – 9%

Левица: 6% – 8%

СДСМ: 6% – 8%

НАИ: 6% – 8%

ЗНАМ: 3% – 4%

Останати партии: 2% – 3%

Неопределени: 7% – 8%

Одбиваат да одговорат: 14% – 15%

Не би гласале околу 20%

Премиерот Мицкоски рече дека во моментов не гледа индикатор за предвремени парламентарни избори, иако, како што рече, сѐ може да ги предизвика. Тој рече дека кога би гледале партиски би оделе на предвремени избори, но дека гледаат на изборите државнички, а следната година државата треба да врати долг од 2,2 милијарди евра, треба да се издаде еврообврзница во јануари и дека следната година е прилично економски предизвикувачка, а ќе застане и процесот на реформи.

Мицкоски најави дека измените на Изборниот законик ќе влезат во собраниска процедура по 11 јануари, односно по завршувањето на локалните избори во четирите општини каде што не се избраа градоначалници поради немање цензус.

Поврзани содржини