ПРОТЕЧЕ РАЗГОВОРОТ ЗА „ПРОДАЖБА“ МЕЃУ УШАКОВ И ВИТКОФ, КРЕМЉ БЕСЕН Архитектот на мирот е Русин, а не Американец?
Пратеникот на Трамп го советувал совениткот на Путин најпрво да го пофали Трамп како „човек на мирот“, а потоа да го претстави предлогот што вклучува територијални отстапки од страна на Украина, ограничување на нејзината армија и откажување од членството во НАТО. Во разговорот се споменувала и идејата за т.н. „размена на територии“, модел сличен на сценарио како во Газа. Според Ројтерс, првичниот план од 28 точки бил „список на желби на Русија“.
Телефонски разговор меѓу Стив Виткоф, специјален изасланик на Доналд Трамп, и Јуриј Ушаков, советник на Владимир Путин, излегол во јавност, што предизвикало бес во Кремљ. Разговорот, одржан на 14 октомври, открил детали за предложениот мировен план за Украина, јави Блумберг.
Ушаков го нарекол истекувањето „акт на хибридна војна“. Тој изјави дека користел шифрирани владини канали и дека е „недопустливо некој да го пресретнува разговорот“. Додал дека ќе разговара директно со Виткоф за инцидентот.
На случувањето реагирал и заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков. Според него, некои медиуми се користат „како алатки во информативната војна против Русија“, пренесе Ројтерс.
Во позадина на оваа афера се споменува Кирил Дмитриев, шеф на рускиот државен инвестициски фонд РДИФ, кого аналитичарите го сметаат за „архитект на мировниот план од 28 точки“. Тој има диплома од Станфорд и блиски врски со зетот на Трамп, Џеред Кушнер, но и со моќници од Блискиот Исток.
‘Ask Putin to say…’: Witkoff caught on call ‘guiding’ Russia on how to sell Ukraine deal to Trump
🗞️ Catch the day’s latest news and updates ➠ https://t.co/uILoG2wcSm 🗞️ pic.twitter.com/A78c5Qrnfs— Economic Times (@EconomicTimes) November 26, 2025
Борис Бондарев, поранешен руски дипломат, вели дека Дмитриев е „клучен канал меѓу Кремљ и Виткоф“.
– Виткоф е слаба карика во американската администрација, па затоа Дмитриев го искористи тој контакт за да ја протурка руската перспектива – изјави Бондарев.
Што точно протече од разговорот меѓу Ушаков и Виткоф?
Од протечениот меѓу Ушаков и Виткоф, се дознава дека двајцата дискутирале како рускиот мировен план за Украина да му се „продаде“ на американскиот претседател.
Виткоф го советувал Кремљ најпрво да го пофали Трамп како „човек на мирот“, а потоа да го претстави предлогот што вклучува територијални отстапки од страна на Украина, ограничување на нејзината армија и откажување од членството во НАТО.
Во разговорот се споменувала и идејата за т.н. „размена на територии“, модел сличен на сценарио како во Газа, како и можност за директен телефонски повик меѓу Путин и Трамп, пред планираната средба на Трамп со украинскиот претседател, за да се обезбеди дипломатска предност на рускиот предлог.
Планот делумно бил изготвен за време на состанокот меѓу зетот на Трамп, Џаред Кушнер, Виткоф и Дмитриев. Средбата наводно се одржала во Мајами минатиот месец. Имало малку дискусии за тоа во рамките на Стејт департментот и Белата куќа, изјавиле за Ројтерс два извори запознаени со ситуацијата.
Witkoff (SW) is talking to Ushakov (YU) about how to properly sneak the so-called “peace plan” to Trump by taking advantage of Trump’s ego.
Russia has taken over the White House!
Trumpfuckistan shouldn’t be trusted anymore! pic.twitter.com/VmirZMtaoo— PaulC (@PaulConRO) November 26, 2025
Според Ројтерс, планот од 28 точки за Украина, откриен минатата недела, делумно се темели на руски неофицијален предлог испратен до Трамповата администрација во октомври. Ова откритие фрла сомнеж дека зад мировната иницијатива стои повеќе Москва отколку Вашингтон.
Според транскриптите од разговорите, Ушаков и Виткоф алудирале на можен „план од 20 точки“ уште на 14 октомври. Планот очигледно бил проширен во последователните разговори со Дмитриев.
Предлогот на САД, кој ги изненадил функционерите во Вашингтон и Европа, предизвика дипломатски хаос на три континенти. Девет од првичните 28 точки беа отфрлени по разговорите меѓу високи американски и украински функционери во Швајцарија. Американски претставник неодамна изјави дека Киев се согласил за планот, но дека остануваат уште неколку точки „да се испеглаат“.
Трамп на својот профил во вторникот, 25 ноември, напиша дека неколку точки се спорни, но дека е оптимист за можната средба со Зеленски во Белата куќа за евентуално финализирање на договорот, но и за средбите на Виктоф со рускиот политички врв и на американскиот секретар за одбрана Ден Дрискол, со украинскиот политички врв.
Кремљ во средата ги опиша тековните разговори за завршување на војната во Украина како „сериозни“. Соопштението доаѓа пред посетата на Виткоф, кој се очекува да пристигне во Русија следната недела.
– Процесот е во тек, процесот е сериозен – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за државната телевизија, додавајќи дека „многу луѓе“ ќе се обидат да ги „спречат“ разговорите.
Песков исто така изјави дека оние што повикуваат на оставка на Виткоф, поради сознанијата за разговорот со Ушаков, се обидуваат да го спречат „скромниот моментум“ што е постигнат кон мировен договор.