📷 РЕНОВИРАНО ГЛЕДАЛИШТЕТО ВО ТЕАТАР КОМЕДИЈА, ДОНАЦИЈА ОД ПОЛСКА Нов под и 305 заменети столчиња

По посетата на салата во театарот, заедно со амбасадорот на Полска Мариуш Бримора, министерот за култура и туризам Зоран Љутков посочи дека и во иднина ќе има инвестиции за Театар Комедија кој е, рече, еден од најпосетените театри во Македонија. За следната година е во план реновирање на гардеробите и менување на осветлувањето и на самата сцена.

265

Театар Комедија има обновено гледалиште со 305 нови столчиња за публиката и нов ПВЦ-под. Реновирањето овозможено и со донација на Република Полска почна пред дваеетина дена и чини околу 9 милиони денари, информираше Министерството за култура.

Тие столови имаа историја од шеесетина години, носеа некоја емоција и традиција, но, сепак, веќе беа нефункционални и имаше поплаки од публиката. Им благодарам на Полската амбасада и амбасадоот Мариуш за помошта и донацијата што ја дадоа за поддршка на овој проект, кој чини околу 9 милиони денари. Министерството за култура и туризам го поддржа со околу 5,3 милиони денари проектот за реновирање на салата т.е. менување на столовите и на подот – изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков.






Фото: Принтскрин

По посетата на салата во театарот, заедно со амбасадорот на Полска Мариуш Бримора, министерот посочи дека и во иднина ќе има инвестиции за Театар Комедија кој е, рече, еден од најпосетените театри во Македонија. За следната година е во план реновирање на гардеробите и менување на осветлувањето и на самата сцена.

Документ за завршениот проект со поддршка од Полска потпишаа полскиот амбасадор Мариуш Бримора и директорот на Театар Комедија, Дарко Спасов.

Бримора кажа дека поддршката е една од поважните активности на дипломатијата на Полска во многу региони во светот која го вклучува и Западен Балкан. Тој ги покани гледачите да ја проследат првата претстава во новото гледалиште овој петок – македонска премиера на претставата „Ивона, принцезата на Бургунд“ по текст од полскиот писател Витолд Гомбрович, во режија на Билјана Радиноска.

Поврзани содржини