НАПАДНАТ ЕДЕН ОД НАЈИСТАКНАТИТЕ БУГАРИ ВО МАКЕДОНИЈА Бугарското МНР стапи во контакт со Владо Перев
Според Перев, напаѓачот, двојно помлад од него, го удрил во лицето, му ги скршил очилата и извикал: „Бугарите да одат во Бугарија!“, заканувајќи му се и со бесење, токму затоа што е Бугарин.
Бугарското Министерство за надворешни работи остро го осуди физичкиот напад врз 80-годишниот новинар и активист Владо Перев, еден од најистакнатите претставници на бугарската заедница во Македонија, кој во центарот на Скопје бил нападнат од непознат маж.
Според Перев, напаѓачот, двојно помлад од него, го удрил во лицето, му ги скршил очилата и извикал: „Бугарите да одат во Бугарија!“, заканувајќи му се и со бесење, токму затоа што е Бугарин.
Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, веднаш стапил во телефонски контакт со повредениот Перев и му ветил целосна поддршка. Во официјалното соопштение на МНР на Софија се вели:
„Категорично осудуваме уште еден чин на насилство од омраза врз Бугарин во Република Северна Македонија – феномен, за жал, поттикнат од моменталната социо-политичка атмосфера и антибугарската реторика. Очекуваме надлежните органи во Република Северна Македонија да преземат навремени и ефикасни мерки за истрага и правда. Потсетуваме дека европскиот пат на земјата бара целосно и совесно спроведување на европскиот компромис од 2022 година, вклучително и почитување на заедничките вредности и гарантирање на правата на македонските Бугари“.
Министерството за внатрешни работи на Македонија потврди дека случајот е пријавен и дека се преземаат сите мерки за идентификација и приведување на сторителот.