ТРЕБА ДА СЕ СОЧУВА ТЕРИТОРИЈАЛНИОТ ИНТЕГРИТЕТ НА УКРАИНА Планот за мир мора да е во согласност со Повелбата на Обединетите Нации, порача Гутереш
Прашан за американскиот план за мир во Украина, Гутереш рече дека планот сè уште не е официјално презентиран од Вашингтон или од некој друг.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска повика на мировно решение за Украина со кое ќе се зачува нејзиниот територијален интегритет.
Гутереш го упати својот апел на прес-конференција во Јоханесбург, еден ден пред почетокот на самитот на Г20.
Прашан за американскиот план за мир во Украина, Гутереш рече дека планот сè уште не е официјално презентиран од Вашингтон или од некој друг.
– Таквиот план мора да биде во согласност со Повелбата на ОН и меѓународното право – нагласи Гутереш.