ИМА ВРСКИ МЕЃУ СДСМ И ИНИЦИЈАТИВАТА НА КАЦАРСКА ПРОТИВ ЛИНЕАРНОТО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ Нека реши СДСМ, добро ли е или не ваквото покачување, повика Петрушевски
Дали СДСМ и пратениците на СДСМ го поддржуваат линеарното зголемување на пензиите што го направи оваа Влада или не го поддржуваат, праша денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, според кого, апсурдна е одлуката на Уставниот суд да го преиспитува линеарното покачување на пензиите.
СДСМ нема јасен став за линеарното зголемување на пензиите, еден ден го поддржуваат, друг ден го критикуваат, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на седницата на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието.
– Очигледно е молчењето на СДСМ, што е стратегија откако влетаа во офсајт. Дали СДСМ и пратениците на СДСМ го поддржуваат линеарното зголемување на пензиите што го направи оваа Влада или не го поддржуваат? Затоа што доаѓаат какафонични изјави. Еден ден излегуваат и велат дека тоа е добро, друг ден доаѓа пратеник и објаснува како тоа не било добро, како тоа била дискриминација на оние кои што земале поголеми пензии – рече Петрушевски.
Тој побара некој од партијата да излезе и да каже јасен и официјален став.
– Убаво е да излезе некој и да одговори кој е ставот на СДСМ, со оглед на актуелноста на темата и она што овој период се случува во Уставниот суд, а тоа е преиспитување на уставноста на оваа одлука. Замислете, почитувани граѓани, преиспитуваат дали било дискриминација на оние пензионери кои што земале големи пензии, затоа што не добиле процентно поголеми суми, а овие со мали пензии биле повластени, затоа што добиле два пати по 2.500 денари – кажа Петрушевски.
Според него, апсурдно е што Уставниот суд преиспитува дали постои дискриминација.
Петрушевски вели дека постојат повеќе врски меѓу СДСМ и оваа одлука за приспитување.
– Прво, видовме овде како пратеници на СДСМ ја бранеа Добрила Кацарска, која што е судија-известител, а меѓу другото, позната е по тоа што се изучува на меѓународни факултети како не треба да се суди еден предмет и која што молсаквично напредуваше во својата кариера за време на СДСМ после оние монтирани случаи. Неколку врски има меѓу СДСМ и оваа одлука за преиспиутвање од страна на Уставниот суд. Така што, мора да знаеме дали СДСМ мисли дека ова зголемување на пензиите не е добро – рече Петрушевски.