ПЛАТИЛ 7.750 ЕВРА ЗА СИН МУ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ПРИТВОР Измамникот го излажал дека работи во суд
Жртвата, верувајќи му, во три наврати исплатила вкупно 7.750 евра, но ветената услуга не била исполнета.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 41-годишниот Н.З. од село Бојане, скопско, за сторено кривично дело „измама“. Според истрагата, во мај 2025 година, пријавениот лажно се претставил дека е вработен во суд и дека може да помогне неговиот син да биде ослободен од притвор.
Жртвата, верувајќи му, во три наврати исплатила вкупно 7.750 евра, но ветената услуга не била исполнета.