ЗАГИНА МИГРАНТКА ОД КИНА, УШТЕ 7 СЕ ПОВРЕДЕНИ Камионот во кој се криеле се преврте кај Дојран
Повреден е и возачот од Србија кој тврдел дека мигрантите од Кина без негово знаење влегле во приколкаата на камионот.
Една мигрантка од Кина загина, а седуммина се повредени откако утрово околу 04:20 часот на патот Валандов-Дојран камион со српски регистарски ознаки излетал од коловозорт и се превртел.
Како што соопштија од СВР Струмица, во несреќата од здобиени повреди починала мигрантка од Кина, смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а телото на почината било предадено на обукција.
„Со повреди се здобиле уште седум лица-мигранти од Кина, кои без знаење на возачот влегле во приколката. Возачот С.М. е задржан во Јавната здравствена установа Гевгелија за укажување помош. Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител изврши екипа од ОВР Гевгелија“ – се наведува во полициското соопштение.
Инаку, од ТППЕ Струмица денеска објавија дека во 08:00 часот, на патот Валандово-Дојран, ТППЕ Струмица со едно против пожарно возило и тим од пожарникари-спасители заедно со тим на пожарникари-спасители од ТППЕ Гевгелија учествувале во извлекување на лица од излетано и превртено товарно моторно возило.