Јавното претпријатие „Лајка“ доби значајна донација од Кам Маркет – храна за кучињата во вредност од над 200.000 денари. Оваа донација претставува огромна поддршка во секојдневната грижа за повеќе од 1.000 животни кои поминуваат низ прифатилиштето секоја година.
– Исклучително сме благодарни на Кам Маркет за нивната солидарност и чувствителност кон напуштените животни. Таквите партнери се од клучно значење за нашата мисија – секое куче да добие шанса за подобар живот – рекоа од Лајка.
Оваа донација е уште еден пример како општествено одговорните компании играат важна улога во подобрување на благосостојбата на животните и во поддршка на заедницата.