МИНИСТЕРОТ ТОШКОВСКИ ОПЕРИРАН ВО КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР По опоравувањето се враќа на обврските во МВР

Целиот тим во МВР професионално си ги извршува обврските и моето привремено отсуство нема да има никакво влијание врз тековните процеси и активности, ниту пак врз безбедноста на граѓаните, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

2,046

Денеска во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје бев подложен на успешна хируршка интервенција и се чувствувам стабилно. Во моментов сум под надзор на лекарите, по што следува краток период на опоравување, напиша на социјалните мрежи министерот за внатрешни. работи Панче Тошковски.

„Ве уверувам дека Министерството за внатрешни работи продолжува непречено и ефикасно да функционира согласно утврдените процедури. Целиот тим професионално си ги извршува обврските и моето привремено отсуство нема да има никакво влијание врз тековните процеси и активности, ниту пак врз безбедноста на граѓаните. Веднаш по завршувањето на периодот на опоравување, се враќам на редовно извршување на моите обврски во полн капацитет“, пишува Тошковски.






Поврзани содржини