КОНЕЧНО ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА ФРАЊО КЛУЗ ВО АЕРОДРОМ Улицата со години е во очајна состојба

Со целосната реконструкција, улицата ќе добие двослоен асфалт, нови рабници и уредени тротоари, најави градоначаникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

1,050

Улицата Фрањо Клуз во општина Аеродром, која е во очајна состојба веќе неколку години, ќе биде целосно реконструирана, најави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, кој заедно со

градоначалникот на Аеродром Дејан Митески и новиот директор на ЈП „Улици и патишта”, Борис Настов, денеска го означија почетокот на овој инфраструктурен зафат.






– Улицата Фрањо Клуз игра клучна улога во урбаниот дел на општината, сообраќајница што секојдневно ја користат илјадници граѓани. Станува збор за улица која со години е оставена на забот на времето, небезбедна, оштетена и запоставена. Денес ставаме крај на таа слика.

Ова е улица што одамна заслужуваше внимание а денеска тоа конечно и го доби. Со овој зафат, улицата ќе добие двослоен асфалт, нови рабници и уредени тротоари, создавајќи безбеден, чист и функционален простор за сите минувачи. Ќе изградиме улица која ќе биде пример како треба да изгледаат современите градски сообраќајници – уредени, безбедни и наменети за секого – рече градоначалникот Ѓеоргиевски.

Фото: Град Скопје
Поврзани содржини