УДРИЛ ВО ПАРКИРАНА КОЛА, ПА ВО ПЕШАЦИ, ПОВРЕДЕНО И 3-ГОДИШНО ДЕТЕ Тешка сообраќајка во близина на Арачиново
Од ударот најтешко е повредена 35-годишна жена, која се здобила со тешки телесни повреди.
На паркинг-простор покрај регионалниот пат Скопје–Куманово, во близина на селото Арачиново, вчера попладне се случила тешка сообраќајна несреќа во која биле повредени тројца пешаци, меѓу нив и тригодишно дете.
Според пријавата во СВР Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички, управувано од 29-годишниот Н.Б. од Арачиново, најпрво удрило во паркиран „фолксваген венти“ со исто така скопски регистарски ознаки, кој го паркирал 38-годишниот Н.С. од истото село. По ударот, возилото продолжило и налетало врз пешаците — 30-годишниот Џ.К., 35-годишната А.С. и тригодишно дете, сите од Арачиново.
Од ударот најтешко е повредена А.С., која се здобила со тешки телесни повреди. Со полесни, телесни повреди се здобиле Џ.К. и детето. Повредите им биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на несреќата бил извршен увид од екипа на СВР Скопје, а се утврдуваат причините кои довеле до незгодата.