УАПСЕНИ ТРИ БРАЗИЛКИ И ПЕРУАНКА ВО СТРУГА Девојките немале легален престој, а полицијата им најде и дрога

Полициската рација открила четири девојки со нелегален престој во земјата, кај кои биле пронајдени марихуана и дробилка.

430

Вчера околу 7 часот наутро, криминалистичката полиција во Струга упаднала во сместувачки објект каде затекнала четири странски државјанки, три од Бразил и една од Перу, со нелегален престој во земјата.

При претресот, извршен со судска наредба, полицијата пронашла и одзела марихуана, дробилка и други предмети поврзани со употреба на дрога.






Од СВР Охрид информираат дека во акцијата била уапсена 27-годишната А.Б.Т.Г.С. од Бразил, а приведени биле и нејзините сонароднички Ј.Т.А.С. (23) и Р.Ц.С. (23), како и 20-годишната Н.О.Ц. од Перу.

Според полицијата, девојките престојувале во земјава без соодветна дозвола, со што сториле прекршоци по член 147 и член 23 од Законот за странци.

По завршување на истрагата, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани содржини