НОВ РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК Можност за апликација до 16 ноември

Сите студенти кои го оствариле правото на студентски оброк ќе почнат да ги примаат средствата во месецот што следува по завршувањето на месецот во кој се пријавиле, соопшти Министерството за образование и наука.

121

 

За студентите кои го испуштија рокот за пријавување за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, кој беше од 1 до 5 ноември, Министерството за образование и наука овозможи дополнителен рок за пријавување – од денеска до 16 ноември.






МОН објави дека кандидатите треба да се пријават електронски на e-uslugi.mon.gov.mk и при пријавувањето да ги пополнат обрасците „Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк“ и „Изјава за точност на внесените податоци во пријавата за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк“ кои потпишани ќе ги прикачат кон електронската апликација.

„Сите студенти кои го оствариле правото на студентски оброк ќе почнат да ги примаат средствата во месецот што следува по завршувањето на месецот во кој се пријавиле. За сите прашања поврзани со пријавувањето на корисниците за субвенциониран студентски оброк, Министерството за образование и наука обезбеди поддршка преку Секторот за ученички и студентски стандард, на контактот [email protected]“ соопшти МОН.

Поврзани содржини