📽️ СКАНДАЛ НА „МИС УНИВЕРЗУМ“ Мисицата од Чиле снимила видео кое личи на дрогирање, сега со солзи се извини пред цел свет

Во видеото, снимено во рамки на трендот „Addicted to You“, Ина вдишува бел прав и потоа се појавува во гламурозна верзија на себе – сцена која предизвика лавина реакции. Иако подоцна го избриша видеото и изјави дека станува збор за шега со шминкерски ефект, јавноста не беше убедена.

1,724

Чилеанската убавица Ина Мол, претставничка на својата земја на изборот за Мис Универзум 2025, се најде во центарот на огромен медиумски скандал, откако на ТикТок објави видео кое многумина го протолкуваа како промовирање на дрога.

Во видеото, снимено во рамки на трендот „Addicted to You“, Ина вдишува бел прав и потоа се појавува во гламурозна верзија на себе – сцена која предизвика лавина реакции. Иако подоцна го избриша видеото и изјави дека станува збор за шега со шминкерски ефект, јавноста не беше убедена.

 






„Требаше да кажам не“

Под огромен притисок и критики, Ина низ солзи се огласи на Инстаграм, извинувајќи се на сите што се почувствувале навредени.

– Сакам да им се извинам на сите што се чувствувале навредени. На почетокот реков не, но шминкерот инсистираше и на крајот се согласив. Требаше да се држам до тоа „не“. Мојата намера не беше да навредам никого – рече Мол.

Нејзината искреност беше поздравена од дел од обожавателите, но мнозинството коментатори ја осудија постапката, сметајќи дека учесничка на Мис Универзум не смее да објавува вакви содржини, дури ни во шега.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Inna Moll (@innamoll)

Интернетот не простува

Видеото експлодираше на социјалните мрежи, станувајќи вирален материјал за само неколку часа. Илјадници коментари се појавија под објавата, со корисници кои пишуваа:

„Таа ја претставува својата земја, не може да се шегува со такви работи!“

„Разбирам трендови, но ова е премногу.“

 

Шминкерот ја презеде вината

Ден по скандалот, шминкерот кој го снимил видеото објави јавно извинување.

– Навистина ми е жал за она што се случи. Тоа беше непромислено и без лоша намера. Само следевме тренд. Ве уверувам дека вакво нешто нема да се повтори – вели шминкерот.

И покрај тоа, дел од публиката смета дека „штетата веќе е направена“ и дека репутацијата на чилеанската претставничка е сериозно нарушена.

Поврзани содржини