📽️ РУСКИ ДРОН ПРЕЛЕТАЛ НАД ПОЗНАТАТА АКТЕРКА ВО ХЕРСОН Анџелина Џоли раскажа за посетата на Украина
Во еден момент моравме да застанеме и да чекаме додека дронот прелетува над нас. Јас бев во заштитна опрема, но тие семејства го живеат тоа секој ден, напиша актерката на Инстаграм.
Познатата холивудска актерка Анџелина Џоли раскажа дека за време на својата последна посета на украинските региони Миколаев и Херсон неколку пати морала да се засолни додека руски дронови летале над неа. Глумицата, позната по својата хуманитарна работа, објаснила дека звукот на машините над главата бил „тивок, но постојан потсетник на опасноста“.
„Присуството на дронови беше постојано, го слушаш нивното зуење, како нешто што не можеш да го игнорираш. Во еден момент моравме да застанеме и да чекаме додека дронот прелетува над нас. Јас бев во заштитна опрема, но тие семејства го живеат тоа секој ден“, напиша Џоли на Инстаграм.
View this post on Instagram
Актерката пристигнала на 5 ноември во јужна Украина со британската фондација „Legacy of War“, која им помага на жртвите на вооружени конфликти. Херсон, град покрај реката што го дели од руските позиции, секојдневно е под артилериски оган, при што најчесто страдаат цивили.
Џоли изјавила дека руските сили „ги ловат и тероризираат луѓето како во човечки сафари“. Таа видела дека училиштата и градинките се преселени под земја и дека децата таму растат со звукот на сирените.
Понатаму, актерката упатила апел до светските влади да не останат неми пред страдањето на цивилите, не само во Украина, туку и во Судан, Газа, Јемен и Конго. „Ако овие луѓе можат да најдат сила, тогаш владите мора да можат да најдат решенија“, нагласила таа.
Посетата накратко ја засенил инцидент кога еден украински придружник на Џоли бил привремено приведен поради административен пропуст со документи. Подоцна локалните медиуми потврдиле дека не станувало збор за сериозен случај, туку за недоразбирање.