ЗА ВИСТИНСКА РЕФОРМА ПОТРЕБНА Е ОСТАВКА НА ФИЛИПЧЕ Со 126.000 гласови СДСМ е на стаклени нозе, вели ВМРО-ДПМНЕ

Најавите за реформи на Филипче не се доволни сами по себе и се потребни конкретни чекори. Затоа, неговата оставка е единствен логичен чекор, и воедно е прв услов за СДСМ да има било каква иднина и можност за реформи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

195

СДСМ е на стаклени нозе и само продолжува да тоне, обвини ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста велејќи дека опозициската СДСМ мора да се огради од својот актуелен претседател Венко Филипче, за, како што велат, да се стави крај на заевизмот во партијата.

„Јавноста беше сведок на историскиот дебакл на СДСМ на локалните избори годинава, каде партијата освои само 6 општини, 126.000 гласови и околу 230 советници, а покрај ова ги изгуби и своите некогашни бастиони.






Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, постојано најавуваше реформи во структурите на партијата. Но ваквите негови изјави, затоа што предолго само се најавуваат, а не се случуваат, со тек на време станаа само празни зборови.

И наместо вистинска реформа, гледаме само континуитет на истите штетни пракси што ја доведоа првично партијата до оваа состојба во која се наоѓа денес денес.

Оттука, може да се заклучи дека заевизмот и понатаму доминира во СДСМ, и се додека Филипче и неговиот ментор управуваат со СДСМ, партијата ќе продолжи да биде партија во слободен пад.

Јасно е дека, доколу СДС не се консолидира, не се реформира, и целосно не го искорени заевизмот од своите редови, партијата ризикува целосно да престане да постои како дел од македонската политика.

Потребна е конструктивна опозиција која ќе нуди решенија не полемичарење во празно, а Венко Филипче како претседател на СДСМ, не покажа ниту капацитет ниту пак некаква волја да ја извлече партијата од кризата во која се наоѓа.

СДСМ и Филипче треба да знаат дека конструктивна опозиција не се гради преку празни реторики. Потребни се транспарентни процеси, потребна е реформација во структурите на партијата и искоренување на штетните пракси.

Најавите за реформи на Филипче не се доволни сами по себе и се потребни конкретни чекори. Затоа, неговата оставка е единствен логичен чекор, и воедно е прв услов за СДСМ да има било каква иднина и можност за реформи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини