🎥 МАКЕДОНИЈА НА ЈУНИОРСКИОТ ЕВРОСОНГ 2025 Ќе чекаме чудо со „Miracle“, во изведба на Нела Манческа

Вечерва  во 18 и 30 часот, на програмата на МТВ1 и на официјалниот Јутјуб канал на Јуниорскиот Евросонг, ќе се промовираат песната и видеото, во режија на Огнен Шапковски, за песната „Miracle“, со која Нела Манческа ќе ја претставува  Македонија на овогодинешното издание на детскиот Евросонг 2025.

218

Македонската Радио Телевизија со гордост најавува дека вечерва  во 18 и 30 часот, на програмата на МТВ1 и на официјалниот YouTube канал на Јуниорскиот Евросонг, ќе биде промовирана песната „Miracle“, со која Нела Манческа ќе ја претставува  Македонија на овогодинешното издание на Јуниорскиот Евросонг 2025.

Создадена од Лазар Цветкоски (музика) и Магдалена Цветкоска (текст), „Miracle“ не е само песна, таа е чувство.






Раскажува приказна за храброст, надеж и верба во себе – за тој момент кога ја пронаоѓаме сопствената светлина дури и во најтемните мигови. Со својот емотивен вокал и искрена интерпретација, младата Нела ја оживува пораката дека секое дете, секој човек, има сила да засвети и да остави свој траг.

Со својот искрен вокал и сценски шарм, младата Нела Манческа го пренесува ова чувство со топлина и сила кои ветуваат настап што ќе ја воодушеви европската публика.

Поврзани содржини