📽️ТАЖНА И СТРАШНА СОБЛЕКУВАЛНА НА РАЈО ВАЛЕКАЊО ВО МАДРИД Полјаците снимија необично видео

Оваа соблекувална мириса на стар фудбал. Малку е тажна и малку страшна, изјави функционер на Лех, притоа снимајќи го просторот каде што, според него, „времето застанало уште во 1980-тите години“.

588

Гостувањето на полскиот Лех Познањ на стадионот „Кампо де Ваљекас“ во Мадрид се претвори во мал фудбалски театар со горчливи забелешки и воздишки. Видео што го објави менаџерот на клубот ја покажа соблекувалната на Рајо Ваљекано – просторија што повеќе наликува на носталгичен музеј отколку на современа спортска база, јави Вечер.

– Прво наидовме на ѕид од картонски кутии. Внатре имаше шишиња со вода. Потоа најдов куп крпи, невообичаено за вакви стадиони. Оваа соблекувална мириса на стар фудбал. Малку е тажна и малку страшна – изјави функционер на Лех, притоа снимајќи го просторот каде што, според него, „времето застанало уште во 1980-тите години“.






Меѓутоа, коментарите на Полјаците предизвикаа бес во шпанскиот табор. Претседателот на Рајо возврати со остра порака дека стадионот ги исполнува сите стандарди на УЕФА и дека омаловажувањето е непочитување кон клуб со богата историја.

 

– Ова е одвратно. Роналдо и Меси се пресоблекувале овде и никој не се пожалил. Не е луксузно, но е пристојно. Смеата на другите само создава поделби, а не обединување – нагласи претседателот за шпанскиот весник „Марка“.

Сепак, видеото остана вистинска сензација на социјалните мрежи, каде што многумина ја нарекоа соблекувалната на Рајо „носталгичен споменик на старата школа на фудбалот“.

Поврзани содржини