ВОЗАЧ ИЗЛЕТАЛ СО ТРАКТОР, МАШИНАТА ГО ПРЕГАЗИЛА Тешка несреќа заврши со смрт во село Дреново

Несреќата се случила на локалниот пат кон село Дреново, кога возачот изгубил контрола, излетал од патот и бил прегазен од сопствениот трактор.

593

Утрово во 9 часот на локалниот пат кон село Дреново, трактор управуван од 53-годишниот С.Д. од истото село излетал од патот, по што возачот паднал и бил прегазен од машината.

На местото на несреќата пристигнала Итна медицинска помош од Кавадарци, но лекарите можеле само да констатираат смрт.






Полицијата и јавен обвинител извршиле увид на терен, а телото на загинатиот е предадено на обдукција.

Според првичните информации, најверојатно се работи за несреќен случај, но истрагата ќе утврди како дошло до трагичниот инцидент.

Поврзани содржини