СРЕД БЕЛ ДЕН СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ПИШТОЛ ВО КАФУЛЕ ВО ЦЕНТАР Полицијата уапси 32-годишниот скопјанец со дрога и оружје

Инцидентот се случил сред бел ден во угостителски објект во Центар, а при апсењето полицијата кај осомничениот пронашла бела прашкаста материја, таблети и пиштол на дијаболи.

442

Полициските службеници го уапсиле 32-годишниот скопјанец И.С. откако со пиштол им се заканувал на вработените во угостителски објект во Центар.

Инцидентот се случил во средата, околу 13:35 часот, кога пријавениот извадил оружје, го репетирал и со закани ја напуштил локацијата.






Полицијата брзо реагирала и го пронашла и привела И.С. во 16:15 часот, само неколку часа по пријавата.

При претрес кај него биле пронајдени и одземени бела грутчеста и прашкаста материја, таблети, како и пиштол на дијаболи.

Од МВР информираат дека материјалите се испратени на вештачење, а по целосно документирање на случајот против приведениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани содржини