СРБИТЕ ШОКИРАНИ ОД СВОЈАТА ПРЕТСТАВНИЧКА ЗА МИС УНИВЕРЗУМ Убавицата што ќе ја претставува Србија е од Монголија

Дел од српската јавност е огорчена затоа што на интернационалниот натпревар ќе ги претставува модел од монголско потекло. Додека некои тврдат дека убавината не познава граници, други сметаат дека националната кралица на убавината треба да се избере меѓу девојките родени во земјата што ја претставуваат.

946
На претстојниот избор за Мис Универзум, закажан за 21 ноември во Тајланд, нашите соседи Срби ќе ги претставува девојка која е од Монголија.
Оваа одлука на Србија предизвика голема дебата во регионот. Дел од српската јавност е огорчена што ќе ги претставува модел од монголско потекло. Изборот предизвика поделени реакции, при што некои тврдат дека убавината не познава граници, додека други веруваат дека националната кралица на убавината треба да се избере меѓу девојките родени во земјата што ја претставуваат.

На официјалниот Инстаграм профил на Мис Универзум се објавени фотографии од Јелена Егорова, со кои се потврдува дека таа е Мис Универзум Србија 2025 и дека ќе носи српска лента на светскиот избор.






Бројни корисници на социјалните мрежи го пофалија нејзиниот изглед, но исто така изразија изненадување од фактот дека девојка од Монголија ќе ја претставува Србија. Во коментарите се споменува дека Јелена има српски пасош.

Поврзани содржини