БОМБА НАЈДЕНА ВО АВТОМОБИЛ НА БИТ-ПАЗАР Сопственикот добил заканувачка порака, полицијата веднаш влезе во објектот
Рачна бомба пронајдена на автомобил во скопската населба Бит-пазар, а во друго возило откриени 100 куршуми, полицијата го расчистува случајот.
Ноќеска, околу 1 часот по полноќ, непознато лице влегло во гаража од семејна куќа во скопската населба Бит-пазар, сопственост на Е. Р., маж кој моментално живее во Италија. Набргу по инцидентот, сопственикот добил порака со закана дека во неговото возило е поставена бомба.
Полициски службеници излегле на местото и при извршениот преглед на неговиот автомобил „фиат“ со скопски регистарски ознаки пронашле рачна бомба „М75“, прицврстена со жица на рачката од возачката врата.
Дополнително, при проверка на друго возило „фиат“ со италијански регистарски ознаки, сопственост на братот на Е. Р., А. Е., во багажникот била пронајдена кутија со 100 куршуми за автоматско оружје калибар 7,62 милиметри.
Полициските екипи ја обезбедиле локацијата, бомбата била безбедно отстранета, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.