ПОРАНЕШНИОТ ЕВРОПСКИ ШАМПИОН МЕЃУ 37 УАПСЕНИ ВО БЕЛГРАД Бурни се реакциите по синоќешните протести

Уапсениот Владимир Штимац е познат по настапите во кошаркарските клубови Црвена ѕвезда и Баерн Минхен и е поранешен репрезентативец на Србија и европски шампион со младинската селекција. Тој е обвинет дека за време на протестот пред Собранието во Белград „поттикнувал на насилство со цел насилно соборување на легитимно избраните претставници на власта“.

3,025

Владимир Штимац, поранешен српски кошаркар и репрезентативец, е уапсен во Белград по налог на Вишото јавно обвинителство, јави Радио-телевизија Србија. Според соопштението на Министерството за внатрешни работи, полицијата привела вкупно 37 лица поради нарушување на јавниот ред и мир за време на синоќешниот протест пред Народното собрание.

Меѓу уапсените е и Штимац, кој е обвинет дека за време на непријавениот протест „поттикнувал на насилство со цел насилно соборување на легитимно избраните претставници на власта“.






Во соопштението се наведува и дека тој „најгрубо ги навредувал полициските службеници за време на протестот“.

 

Министерството за внатрешни работи соопшти дека „полицијата идентификувала и привела 37 лица кои учествувале во нарушување на јавниот ред и мир и предизвикување инциденти за време на непријавеното јавно собирање“.

„Полицијата ќе продолжи доследно да ги применува сите законски мерки за зачувување на редот, мирот и безбедноста на граѓаните“, стои во соопштението на српското МВР.

Синоќешните немири започнале по спонтани собирања пред српското Собрание во Белград, каде група демонстранти извикувала пароли против владата и полицијата. Интервенцијата на безбедносните сили довела до судири и неколку полесно повредени лица.

Штимац се појави како поддржувач на студентските и граѓанските протести против власта на Александар Вучиќ.

Тој е познат по настапите во кошаркарските клубови Црвена ѕвезда и Баерн Минхен и е поранешен репрезентативец на Србија и европски шампион со младинската селекција. Последните години е активен во јавниот живот, каде отворено ги коментира општествено-политичките случувања.

Студентите кои протестираа синоќа имаа посебна порака до Дијана Хрка, мајката на Стефан, кој лани на 1 ноември загина при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, а која денеска почна штрајк со глад пред српскиот Парлемент, потенцирајќи дека „таа не смее да остане сама“.

Полицијата ги двоеше демонстрантите и обидуваше да спречи нови судири, додека пред „Чациленд“ мајката што вчера започна штрајк со глад продолжи да седи на тротоарот, држејќи фотографија од својот син и тивко повторувајќи дека нема да замине „додека не ја чујат сите“.
Според сведоштва од присутните, групата активисти кои редовно престојуваат таму се обиделе да направат жив штит околу неа кога полицијата почнала да ги растерува демонстрантите.

 

Поврзани содржини