ВМРО-ДПМНЕ ОСВОИ 54 ГРАДОНАЧАЛНИЧКИ МЕСТА, ПЛУС ГРАДОТ СКОПЈЕ Убедлив триумф на Коалицијата „Твоја Македонија“ на локалните избори

Коалицијата Вреди освои 8 општини, а го поддржа и независниот кандидат кој победи во Струга, СДСМ има 6, а ДУИ четири градоначалнички места.

3,650

Според сè уште неофицијалните резултати од вториот круг, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ на Локалните избори 2025 има освоено 54 градоначалнички места, а втора коалиција со освоени 9 градоначалнички позиции е Вреди.

Бројките на освоени градоначалници ја покажува убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори. Заедно со освоените градоначалници во првиот круг, владејачката партија освои 54 градоначалници, СДСМ 6, Вреди 8 и еден независен – Менди Ќура, кого коалицијата го поддржа како кандидат на Струга. ДУИ доби 4, а ЗНАМ и Унијата на Ромите, по еден градоначалник.






Згора на тоа ВМРО-ДПМНЕ победи и на изборите за градоначалник на Град Скопје.

Во четири општини – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше денеска немаше гласање. Причината е недоволниот одѕив на гласачи во првиот круг, поради што ќе се спроведе нова изборна постапка во рок од 60 дена од објавувањето на конечните резултати од Локалните избори 2025.

Поврзани содржини