ВУЧИЌ ЗАПАЛИ СВЕЌА ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ТРАГЕДИЈАТА ВО НОВИ САД Рече дека вистината треба да се бара во институциите, трпеливо и со целосно почитување
На парастосот во црквата Света Сава присуствуваа претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претседателот на СНС Милош Вучевиќ, претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ, премиерот Ѓуро Мацут и многу други.
Во црквата Свети Сава заврши парастосот за жртвите од трагичната несреќа на Железничката станица во Нови Сад, на која чиноначалствуваше српскиот патријарх Порфирије кој повика денот да заврши во мир.
На парастот присуствуваа претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претседателот на СНС Милош Вучевиќ, претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ, премиерот Ѓуро Мацут и многу други.
Вучиќ по настанот не даде изјава, но се обрати на Инстаграм каде што напиша:
„Помина една година од денот што ја промени Србија засекогаш. Шеснаесет животи беа изгубени поради падот на крошната на железничката станица во Нови Сад. Денес палиме свеќа за секој од нив, молејќи се во тишина и верувајќи дека нивните имиња и спомени ќе останат засекогаш во нашите срца. Како претседател, но и како граѓанин на Република Србија, уште еднаш изразувам најдлабоко сочувство до семејствата.
Во овој тажен момент, најважно е Србија да биде достоинствена и обединета. Ве молам да покажеме почит и внимание едни кон други, бидејќи тоа е единствениот начин да се зачува општествената нишка што нè поврзува. Денес е денот кога треба, без груби зборови и поделби, тивко да се молиме за жртвите. Нека тагата на семејството нè обедини, а не да нè раздели. Да нè водат мирот и одговорноста, а вистината ќе ја бараме во институциите, трпеливо и со целосно почитување“.
View this post on Instagram
При падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, на 1 ноември минатата година во 11:52 часот, на самото место загинаа 15 лица, меѓу кои и три деца. Тогаш беа тешко повредени две лица, од кои едното подоцна им подлегна на повредите во болница.