НЕЛЕГАЛНИ ПЛАТФОРМИ ГО ЗЛОУПОТРЕБИЛЕ ИМЕТО И ЛОГОТО НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА Играчите на интернет игри на среќа да бидат внимателни

Државна лотарија, како единствено овластено друштво за приредување игри на среќа во Република Северна Македонија, ја информира јавноста дека исклучиво таа има законско право да приредува лотариски, инстант лотариски и интернет игри на среќа на територијата на државата. 

112

Државна лотарија ги предупреди играчите на интернет игри на среќа дека нелегални интернет платформи неовластено го користат името и логото на Државна лотарија.

„Ги повикуваме сите играчи на интернет игри на среќа да внимаваат при изборот на интернет платформи и да учествуваат исклучиво преку официјалните канали на Државна лотарија, со цел да се заштитат од можни злоупотреби. Односно, да учествуваат во игри на среќа, кои се транспарентни, регулирани и одговорно приредени“, соопшти Државна лотарија.






Државна лотарија, како единствено овластено друштво за приредување игри на среќа во Република Северна Македонија, ја информира јавноста дека исклучиво таа има законско право да приредува лотариски, инстант лотариски и интернет игри на среќа на територијата на државата.

Секоја појава на трета страна, која неовластено користи визуелни елементи, лого или други обележја што претставуваат интелектуална сопственост на Државна лотарија, претставува нелегално користење и кршење на законските прописи, со што се доведува во заблуда јавноста и се нарушува довербата во легалниот систем за игри на среќа.

„Секогаш избирајте легално. Изберете Државна лотарија, изберете ја единствената легална платформа за интернет игри на среќа megawin.mk. Играј одговoрно, играј сигурно“, порачуваат од Државна лотарија.

 

Поврзани содржини