„БИ БИЛО СУЕТНО ДА ГО СТОРАМ ТОА“ Трамп ја исклучи можноста за кандидатура за потпретседател на САД во 2028 година

Според американскиот устав никој не може да биде избран за претседател по трет пат, но има предлози ова правило да се заобиколи така што Трамп би се кандидирал за потпретседател, а претседателот потоа да поднесе оставка, по што Трамп ќе го замени.

496

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ја исклучува можноста да се кандидира за потпретседател на изборите во 2028 година, пристап што некои од неговите поддржувачи го предложија како заобиколен начин републиканскиот претседател да добие нов претседателски мандат.

– Би смеел да го направам тоа. Но, не би го направил тоа. Мислам дека е премногу суетно. Да, би го исклучил тоа, затоа што е премногу суетно. Мислам дека на луѓето не би им се допаднало. Суетно е. Не, не би било исправно – им рече Трамп на новинарите во претседателскиот авион Ер форс уан.






Никој не може да биде избран за американски претседател по трет пат, според 22-от амандман на американскиот Устав.

Некои предложија дека ова би можело да се заобиколи доколку Трамп се кандидира за потпретседател, со друг претседателски кандидат кој потоа би поднел оставка, со што на Трамп би му се овозможило повторно да стане претседател. Критичарите ја оспоруваат законитоста на таков маневар.

Поврзани содржини