🎥 КОГА БИЛА ТИНЕЈЏЕРКА ЈА ГАЃАЛЕ СО ЛИМЕНКИ Викторија Бекам призна дека трпела врсничко насилство

Викторија се присети на времето кога била тинејџерка која не се вклопувала во друштвото, а во тој период од нејзиниот живот била и малтретирана.

199

Пред да стане глобална ѕвезда, Викторија Бекам била цел на исмејување затоа што била „различна“.

Во гостувањето во подкастот „Call Her Daddy“ со Алекс Купер, 51-годишната Викторија отворено зборува за емоционалното и физичкото злоставување на кое била подложена како дете и тинејџерка.






– Се сеќавам како стоев на игралиштето, буквално сама, а децата собираа лименки од баричките и ги фрлаа кон мене. Бев ментално и физички злоставувана во училиште, а за менталното здравје не се зборуваше како денес. Сето тоа го потиснував, што резултираше со тоа што станував сè посрамежлива – вели Викторија.

Таа се присети на времето кога била тинејџерка која не се вклопувала во друштвото.

– Додека сите други деца пушеа и се дружеа по училиште, јас одев на часови по танц или глума – признава таа.

Дури и возрасните во нејзиниот живот се однесувале како нејзините врсници, што ја повредило уште повеќе.

Нејзиниот изглед бил уште еден извор на несигурност.

– Кога си помлада, хормоните ти се менуваат. Телото ти се менува – објасни Викторија.

Додаде дека ја сметале за „глупава“ поради лошите оценки, а проблемите не застанале тука.

– Како тинејџерка, ми дијагностицираа полицистични јајници и ми рекоа дека можеби ќе ми биде тешко да забременам. Тешко е да се прифати тоа кога си сè уште дете.

Иако секогаш имала поддршка од родителите, Викторија се чувствувала премногу засрамена да зборува за млтретирањата.

– Никому не кажав, целиот мој школски живот беше ужасен – признава таа.

Викторија зборува за траумата и во нејзиниот неодамнешен документарец на Нетфликс. Исмејувањето продолжило на колеџ, каде што ѝ било кажано дека не е „доволно добра“ или „премногу дебела за сцената“.

Сепак, Викторија верува дека овие тешкотии ја направиле посилна.

За потсетување, неодамна на Нетфликс стаса документарецот кој го следи животот на сопругата на Дејвид Бекам на нејзиното патување од мало девојче до поп-икона и моден дизајнер.

Загрижена како би можел да биде прифатен документарецот за неа, Викторија рече дека на почетокот се двоумела дали да се согласи на проектот.

– На почетокот реков „не“, но потоа одвоив малку време и навистина размислував долго и напорно. Бев толку дефинирана од моето време во Спајс Грлс, што беше само четиригодишен период во мојот живот, додека јас сум вклучена во модата речиси две децении. До неодамна, бев свесна дека сè уште се борам со предрасудите поради мојата претходна кариера – рече Викторија.

Серијата избегнува контроверзни теми како што се наводната афера на Дејвид, потенцијалното повторно обединување на Спајс Грлс и гласините за раздор меѓу Бекамови и нивниот син Бруклин Пелц Бекам, кој, за разлика од неговите браќа и сестри, не се појавува во документарецот.

Како млада девојка која растела во Хартфордшир, Англија, Викторија немала многу пријатели и затоа ѝ недостигала самодоверба, опишувајќи се себеси како осаменик и не криејќи дека била малтретирана од нејзините врсници затоа што не била особено дружељубива. Сè се променило кога станала членка на Spice Girls, кога за прв пат се почувствувала како дел од заедницата.

– Тоа беше прв пат кога почувствував дека припаѓам некаде. Одеднаш станав популарна. Мојот живот ќе беше сосема поинаков ако не ги запознаев овие четири девојки – искрено признава таа во документарецот. Откако се омажи за Дејвид во 1999 година, не помина долго време пред бендот да се распадне, а Викторија од ѕвезда која патува низ светот на турнеи и концерти одеднаш стана сопруга и мајка чиј живот продолжи да се одвива пред папараците.

– Не го сфатив тоа во тоа време, но се обидував да се пронајдам себеси. Се чувствував нецелосно, тажно, можеби замрзнато во времето – рече Викторија. Овој пат, таа отворено зборуваше и за својата борба со нарушувањето во исхраната.
– Не знаев што гледам кога се погледнував во огледало. Дали сум дебела? Дали сум слаба? Не знам. Губиш секаков осет за реалност – рече таа. Викторија рече дека никогаш не им се доверила на своите родители за нејзиното нарушување во исхраната, ниту пак јавно зборувала за тоа. Првпат проговорила за својата рестриктивна диета и прејадувањето во својата автобиографија од 2001 година.

Поврзани содржини