ЦЕНТАР Е ПОСЛЕДНОТО ГНЕЗДО НА БИЗНИСИТЕ НА ДВОЕЦОТ ЗАЕВ-ФИЛИПЧЕ Минчев порача дека 68% од гласачите се изјаснија против Герасимовски

Во моментов Центар е една од општините што најбрзо издава градежни одобренија. За време на мандатот на Герасимовски се издадени над 300 одобренија за градба, што остава огромен простор за сомнеж за нетранспарентни зделки и за корупција. Зад тие градежни бизниси стојат неколку компании поврзани со Герасимовски, Филипче и со Заев, вели генералниот секретар на ЗНАМ, Горан Минчев.

1,041

ЗНАМ влегува во вториот круг од локланите избори со силна поддршка во Куманово и во Центар и очекуваме таа поддршка да биде уште поголема, вели генералниот секретар на ЗНАМ, Горан Минчев.

– Нашиот претседател и актуелен градоначалник на Куманово, господинот Максим Димитриевски, реализираше над 800 капитални инвестиции во изминатите години. Граѓаните тоа го препознаа и во првиот круг му дадоа огромна поддршка, со разлика од околу 11.000 гласа. Очекуваме дека таа разлика во вториот круг ќе биде уште поголема, затоа што граѓаните знаат кој може во континуитет да го води Куманово стабилно, чесно и со резултати – изјави Минчев во гостување на телевизија Сител.






Тој нагласи дека Движењето ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат конструктивно партнерство во Владата, кое се темели на заеднички цели и резултати.

– Ние градиме партнерска политика со нашиот коалициски партнер во Владата, ВМРО-ДПМНЕ. Ги очекуваме и нивните гласови, како што и ние дадовме поддршка на нивните кандидати во другите општини. Тие 33 општини кои ги освои ВМРО-ДПМНЕ се резултат и на нашата поддршка – додаде тој.

Минчев истакна дека резултатот во Куманово ја покажа катастрофата на СДСМ, партија која не само што не успеа да влезе во вториот круг, туку падна на четвртото место во градот.

Состојбата во Општина Центар Минчев ја опиша како последното гнездо на овозможување на бизнисите на двоецот Филипче-Заев, потпомогнато од актуелниот градоначалник Горан Герасимовски.

– Во моментов Центар е една од општините што најбрзо издава градежни одобренија. За време на мандатот на Герасимовски се издадени над 300 одобренија за градба, што остава огромен простор за сомнеж за нетранспарентни зделки и за корупција. Зад тие градежни бизниси стојат неколку компании поврзани со Герасимовски, Филипче и со Заев. Првиот ешалон е бизнис-кругот што профитира од градбите, вториот ешалон се луѓе во самата општина, задолжени за занаетчиски работи, фасади, плочки, инсталации. Тоа е класичен модел на корупција и клиентелизам – рече Минчев.

Граѓаните во Центар се разочарани од ваквиот начин на владеење, додаде тој.

– Ако ги погледнете резултатите, 68 проценти од граѓаните се изјаснија против политиките на Горан Герасимовски. Тоа е сигнал дека Центар сака промена, а не продолжение на криминалните урбанистички политики – рече Минчев.

Поврзани содржини