КАРПОШАНИ ИЗБРАА ПРОМЕНИ Лукровски вети ревизија на ДУП-овите и бесплатен паркинг
Христо Саракинов, носител на советничка листа на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ ги повика карпошани на масовна излезност во вториот круг.
– Карпошани го кренаа гласаа гласот против урбаната мафија и Стевчо Јакимовски, кој поддржан од Венко Филипче и од Зоран Заев сака да продолжи да го држи Карпош заробен во канџите на приватните интереси за висококатници, нови ДУП-ови и маркици со дебели профити. Карпошани во уште поголем број ќе излезат во вториот круг, и ќе гласаат за Сотир Лукровски, за ВМРО-ДПМНЕ, за бројот 9 – рече Саракинов.
Тој потсети дека Сотир Лукровски и ВМРО-ДПМНЕ ветуваат: Стоп за бетонизацијата, ревизија на сите ДУП-ови, формирање на општинско претпријатие Карпош-план, кое ќе ги подготвува сите идни ДУП-ови, каде ќе бидат вклучени и консултирани и граѓаните и активистите.
Меѓу ветувањата се и чист Карпош, изградба на нови катни и монтажни гаражи. Паркингот за карпошани да биде бесплатен, решавање на проблемот со бездомните кучиња и поголема безбедност.