ВМРО-ДПМНЕ ДОБИ 32 ГРАДОНАЧАЛНИКА ВО ПРВИОТ КРУГ Вреди доби 5, СДСМ 3, а НЕИ 4

Според ДИК, изборите не успеаја во три општини – Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше, бидејќи не излегоа најмалку една третина од запишаните избирачи

1,175

Во првиот круг на локалните избори кој се одржа вчера, градоначалник  е избран во 44 општини, а според првичните неофицијални резултати најголем дел од нив се кандидати на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: ДИК 

 






Од обработени 99,94% од гласовите на избирачите на 3.472 од вкупно 3.474 избирачки места, ВМРО-ДПМНЕ ќе има градоначалници во 32 општини, а избрани уште во првиот круг.

Во оваа бројка не е вклучена општина Старо Нагоричане, бидејќи во неа кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ има точно 50% освоени гласови, што е на границата потребни гласови за победа во првиот круг.

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во првиот круг имаат градоначалници во општините: Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Струмица и  Штип, додека во Старо Нагоричане  кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ одвои  50% од гласови.

Социјадемократскиот сојуз во првиот круг освои градоначалнички места во општините Богданци, Крива Паланка и Кривогаштани.

Коалацијата Вреди во трката за градоначалник во првиот круг победи во Арачиново, Желино, Сарај, Чаир и Теарце.

Коалицијата НАИ, предводена од ДУИ, според податоците на ДИК, во првиот круг се избори за градоначалници во Гостивар, Липково, Пласница и општина Чашка.

Според ДИК, изборите не успеаја во три општини – Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше, бидејќи не излегоа најмалку една третина од запишаните избирачи

 

Поврзани содржини