🎥 МОРНИЧАВА ГЛЕТКА, ОД АВТОМОБИЛОТ НЕ ОСТАНА НИШТО! Се судрија автобус и BMW кај Чачак

Автобусот и патничкото возило се судриле директно, а по ударот, автобусот излетал од патот и удрил во електричен столб.

4,860

На патот Чачак–Крагуевац, кај Бечањ, денеска околу 6:40 часот се случи морничава сообраќајна несреќа во која едно лице загина, а неколку други се повредени, известуваат српските медиуми, а потврди и Министерството за внатрешни работи на Србија.

Според извештаите, директен судир имало помеѓу автобус и патничко возило марка BMW, кое изгубило контрола и се судрило со автобусот. По ударот, автобусот излетал од патот и удрил во електричен столб.






Повреденото машко лице е префрлено во Општата болница во Чачак со тешки повреди и е згрижено на одделението за ортопедија. На местото на несреќата интервенирале сообраќајната полиција, службата за итна помош и Секторот за вонредни ситуации. По краток прекин, сообраќајот е нормализиран.

Причините за несреќата сè уште се истражуваат, а надлежните велат дека истрагата е во тек.

 

 

Поврзани содржини