OРБАН ЈА ПОДГОТВУВА СРЕДБАТА НА ТРАМП И ПУТИН ВО БУДИМПЕШТА „Унгарија е остров на мирот“

Според унгарскиот претседател Виктор Орбан, Унгарија е единствената земја каде што можат да се одржат преговори меѓу претседателите на САД и Русија.

147

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп и дека се во тек подготовки за средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин за прекин на војната во Украина.

„Тукушто го завршив телефонскиот разговор со претседателот Доналд Трамп. Подготовките за мировниот самит САД-Русија се во тек. Унгарија е остров на мирот!“, напиша Орбан на платформата Икс.






Во интервју за Радио Кошут утрово, Орбан најави дека ќе денеска разговара и со Путин.

– Мировниот самит во Будимпешта би можел да се одржи во рок од 2 недели – рече унгарскиот премиер.

Според него, Унгарија е единствената земја каде што можат да се одржат преговори меѓу претседателите на САД и Русија.

– Тие бараа предвидлива средина – прецизираше тој.

Трамп вчера изјави дека Унгарија треба да се подготви на таков начин што состанок на министрите за надворешни работи е закажан за една седмица, а претседателите би можеле да се сретнат во Будимпешта во седмицата потоа.

Орбан изјави дека уште вчера дал упатства за формирање на организациски комитет и дека работата е почната.

Тој рече дека Европската Унија не преговара со Путин, дури ни како „помагачи на Доналд Трамп“, иако, „Европа треба да го следи својот дипломатски пат и да отвори независен канал Русија-ЕУ“.

За време на вчерашниот телефонски разговор Трамп и Путин се согласија за состанок на високо ниво на нивните делегации, по што двајцата треба да се сретнат во Будимпешта.

„Претседателот Путин и јас ќе се сретнеме на договорена локација во Будимпешта за да видиме дали можеме да ја завршиме оваа неславна војна меѓу Русија и Украина“, напиша Трамп на својот профил на Трут соушл.

Тој изјави дека тој и Путин имале долга дискусија за трговијата меѓу Русија и САД откако ќе заврши војната со Украина.

Истакна дека Путин честитал за „големото достигнување на мирот“ на Блискиот Исток, за кое „сонувале со векови“.

„Навистина верувам дека успехот на Блискиот Исток ќе помогне во нашите преговори за завршување на војната меѓу Русија и Украина“, рече американскиот претседател.

 

Поврзани содржини