ХРВАТСКА ПРЕКУ ЗАГРЕПСКАТА БЕРЗА ВЛЕГУВА ВО МАКЕДОНСКА БЕРЗА Може да купи 30% од акциите во нашата берза
Комисијата за хартии од вредност го одобри купувањето на уделот во Македонска берза од страна на хрватската агенција.
Хрватската Финансиска агенција (ФИНА) доби дозвола да стекне квалификуван удел во Македонската берза, индиректно преку Загрепската берза., соопшти Комисијата за хартии од вредност.
Според соопштеното, уделот што ФИНА може да го стекне во Македонска берза нема да надмине 30% од издадените акции со право на глас.
ФИНА, чиј единствен основач и сопственик е Република Хрватска, веќе има согласност од хрватскиот регулатор ХАНФА да стекне квалификуван удел во Загрепската берза.
Од тоа колкав ќе биде уделот на хрватската Финансиска агенција во Загрепската берза ќе зависи колкав удел ќе има и во Македонска берза.
Доколку понудата за преземање на Загрепската берза е успешна, ФИНА би можела директно да стекне 50% плус една акција и со тоа индиректно да поседува 14,99% удел во Македонската берза.
Доколку се стекне со 100% удел во Загрепската берза, уделот на ФИНА во Македонската берза би се зголемил на максимум 29,98%.