ОВАА ВЛАДА НЕМА НАМЕРА ДА ГУБИ ОД ДОСТОИНСТВОТО И ОД ОБРАЗОТ Мицкоски очекува и ЕУ да ѝ испорача нешто на Македонија

Се надевам дека ќе има испорака и од страна на ЕУ, за барем малку да го зачуваме образот пред да влеземе, затоа што со изгубен образ и доистинство ниту на нив нема да им вршиме работа, а оваа Влада нема намера повеќе да губи од достоинството и од образот, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

1,757

Очекувам реафирмирање на позицијата дека нашата стратешка цел останува полноправното членство во ЕУ и се надевам дека во тој процес ќе има испорака и од страна на Унијата, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за очекувањата од утрешната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.

Мицкоски истакна дека во текот на изминатите 25 години, чекорејќи по патот на ЕУ, Македонија полека ги губела образот и достоинството, а оваа Влада повеќе нема намера тоа да го прави.






– Очекувам да ги реафирмираме позициите дека нашата стратешка цел останува полноправното членство во рамки на ЕУ. Некако изминативе 25 години како полека да го изгубивме образот, чекорејќи по тој пат, како малку да остана од тоа достоинство и од тој образ. Се надевам дека ќе има испорака и од страна на ЕУ, за барем малку да го зачуваме образот пред да влеземе, затоа што со изгубен образ и доистинство ниту на нив нема да им вршиме работа, а оваа Влада нема намера повеќе да губи од достоинството и од образот – порача Мицкоски.

 

Поврзани содржини