204-ТИОТ ТЕНИСЕР НА СВЕТОТ ГО ИСФРЛИ НОЛЕ Србинот изненадувачки елиминиран во полуфиналето во Шангај

Валентин Вашеро од Монако направи сензација, совладувајќи го Новак Ѓоковиќ со 6:3 и 6:4 и обезбеди историско место во финалето на Мастерсот во Шангај.

321

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доживеа неочекуван пораз во полуфиналето на Мастерсот во Шангај, каде што загуби од Валентин Вашеро од Монако со 3:6 и 4:6. Натпреварот траеше 1 час и 40 минути, а Ѓоковиќ во текот на мечот три пати повика физиотерапевт, кој му го масираше грбот и левиот бут, што дополнително го отежна неговиот настап.

Вашеро, кој моментално е 204-ти на АТП-листата, одигра извонреден меч, сервираше 6 аса, направи 4 двојни грешки и искористи 3 од 6 брејк топки. Од друга страна, петтиот светски тенисер Ѓоковиќ имаше 5 аса, 5 двојни грешки и реализира 1 од 2 брејк топки.






Со овој триумф, дваесет и шестгодишниот Монакежанец избори свое прво финале на Мастерс турнир, со што направи едно од најголемите изненадувања во сезоната. Во финалето тој ќе го предизвика победникот од дуелот меѓу Данил Медведев и Артур Риндеркнеш.

Поврзани содржини