СУДСТВОТО КОЕ ЗАЕВ ГО ОТВОРИ КАКО ПУПКА ИМ ДАВА КУРАЖ НА КРИМИНАЛЦИТЕ За украдени 100 милиони денари само куќен притвор, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Денес сме повторно сведоци како СДСМ излегува во пресрет преку неговото купено и уценето судство на сопственикот на компанијата „Марковски“ да му се досуди куќен притвор. Реформи се повеќе од потребни во судството, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

1,360

Криминалот на СДСМ и договорените тендери со компанијата „Марковски“ за кои ние како ВМРО-ДПМНЕ многу говоревме, бидејќи имавме големи сомнежи, излегоа дека се вистинити, соопшти владејачката партија.

„Фирмата Марковски, која во период од 2 години заработила преку државата околу 200 милиони евра, сега е осомничена дека тендерите кои ги добивала биле местени. Финансиската полиција го уапси сопственикот Борче Марковски, затоа што се товари дека го има оштетено Буџетот на државата за 100 милиони денари“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Партјата додава дека излезе вистина тоа што предупредувала ека тендерите во РЕК Битола се местат за омилената компанија на СДСМ да си ќари уште некој денар плус.

„А денес сме повторно сведоци како СДСМ излегува во пресрет преку неговото купено и уценето судство на сопственикот на компанијата „Марковски“ да му се досуди куќен притвор. Сто милиони денари е еднакво на куќен притвор. Тоа е нашето судство како пупка отворено од Заев, Филипче и СДСМ. Наместо да ги казнува криминалците, судството им дава кураж на криминалците да продолжат со криминалот и да не одговараат. Реформи се повеќе од потребни во судството. Потребни е и правда и одговорност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини