„БРОДОТ ШТО ТОНЕ ГО НАПУШТААТ СИТЕ“ Мицкоски порача дека СДСМ одамна е во стечај
- Нашите противници беа тука вчера. Освен тоа што кажаа дека ќе нè направеле салата, друго не понудија. Заев нудеше живот и ајро, а Венко среќа и салата. Но вистината е дека ниту среќа ќе донесат, ниту салата ќе нè направат. Народот салата нив ќе ги направи на овие избори - изјави Мицкоски.
На митингот во Центар, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски остро ги критикуваше политичките противници, обвинувајќи дека СДСМ е „брод што тоне“, додека народот, како што рече, ќе донесе промена на 19 октомври.
– Нашите противници беа тука вчера. Освен тоа што кажаа дека ќе нè направеле салата, друго не понудија. Заев нудеше живот и ајро, а Венко среќа и салата. Но вистината е дека ниту среќа ќе донесат, ниту салата ќе нè направат. Народот салата нив ќе ги направи на овие избори – изјави Мицкоски.
Тој истакна дека митинзите на СДСМ се празни, без поддршка дури и од нивните пратеници и високи функционери.
– Со лупа не можете да најдете пратеник од нивната пратеничка група. Бродот што тоне сите го напуштаат, а СДСМ со овие луѓе на чело одамна е во стечај – рече Мицкоски.
Премиерот потенцираше дека СДСМ останале нереформирани и безидејни, без да извлечат поука од своите грешки.
– Истите тие луѓе се, кои виткаа кичма и потпишаа капитулација со Бугарија. Венко и неговиот гуру се македонските политичари со највисок рејтинг во Бугарија – нагласи Мицкоски, додавајќи дека „црвените линии“ што ги споменува СДСМ се само ново алиби за нови отстапки.
– Нема никогаш да дозволам да се случи каква било отстапка додека јас ја водам Владата, а македонскиот народ и државата да не добијат реципроцитет – категоричен беше Мицкоски.
На собирот зборуваа и кандидатот за градоначалник на Центар Мирослав Лабудовиќ од Движењето ЗНАМ, коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски, како и носителите на советничките листи.
ЦЕНТАР СТАНУВА СИМБОЛ НА ОБЕДИНЕТОСТ Лабудовиќ најави враќање на животот и гордоста во Скопје