МУ ПОБАРАЛ 300.000 ЕВРА НА РОБЕРТ ХОТ ЗА ДА НЕ ГО УБИЕ Изнудувач бил уапсен во канцеларија на познат скопски бизнисмен

Со брза реакција на полицијата спречена изнуда од 300.000 евра, уапсен осомничен во моментот кога ги примал парите.

2,571

Маж со босанска патна исправа, идентификуван како Владимир Сологуб (58) од Босна и Херцеговина, бил уапсен во Скопје поради сомнение дека изнудувал 300.000 евра од Роберт Хот, на кого му се заканувал со ликвидација доколку не ја исплати бараната сума, дознава Плусинфо.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, оштетениот Роберт Хот пријавил дека непознато лице со сериозни закани по неговиот живот бара огромна сума пари. Полицијата веднаш постапила и во координација со Основното јавно обвинителство – Скопје започнала тајна акција за спречување на изнудата.






На 8 октомври 2025 година, во рамките на полициските активности, од оштетениот биле привремено одземени 20.000 евра во различни апоени, кои биле крим-технички обработени заради идентификација. По утврдување на нивната оригиналност, парите му биле вратени на Хот, за да ги предаде на сторителот кој требало да ги земе следниот ден во неговата канцеларија.

На 9 октомври, при самото примопредавање на парите, полициските службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје извршиле заседа и го уапсиле осомничениот Сологуб. Кај него биле пронајдени обработените 20.000 евра и патна исправа на Република Босна и Херцеговина.

Лицето е задржано за понатамошна постапка, а полицијата и обвинителството продолжуваат со истрагата за целосно расчистување на случајот и утврдување на евентуални соучесници.

Поврзани содржини