ЛАМБЕ ЌЕ ЈА ЗАПАЛИ „ЈАВНА СОБА“ По 10 години пејачот се враќа на скопската сцена со голем концерт

Конечно, по десет години на некој му текна да го викне Ламбе Алабаковски во Скопје, да ги испеам моите најголеми хитови и општо, хитовите кои останале запишани во историјата, а верувам дека ќе останат и по 10 октомври, вели пејачот, најавувајќи го својот концерт на 10 октомври во „Јавна соба“.

122

По цела деценија пауза, популарниот македонски пејач Ламбе Алабаковски повторно ќе настапи пред скопската публика. Концертот во „Јавна соба“ на 10 октомври ветува незаборавна вечер исполнета со емоции, енергија и најпознатите хитови кои го обележаа неговото долгогодишно присуство на македонската музичка сцена.

– Конечно, по десет години на некој му текна да го викне Ламбе Алабаковски во Скопје, да ги испеам моите најголеми хитови и општо хитови кои останале запишани во историјата, а верувам дека ќе останат и по 10 октомври – изјави пејачот, најавувајќи вечер која ќе ја врати магијата.






Концертот ќе ги опфати неговите најголеми хитови. Публиката ќе има можност да ужива во песни кои станаа дел од домашното музичко наследство, препознатливи по мелодичноста и искрената емоција со која Алабаковски секогаш настапува. Концертот ќе биде и најава за нови музички проекти што пејачот ги подготвува по своето враќање на сцената.

Алабаковски се натпреваруваше на македонскиот избор на песна за Евровизија Скопје фест во 2007 годиа. Тој ја изведе песната „Бело е се“ која е напишана од Елена Ристеска, а компонирана од Роберт Билбилов. Исто така, Алабаковски се натпреваруваше на истиот фестивал во 2008 година со песната „Земјо моја“.

Поврзани содржини