СО НОЖ ИЗБОЛ ЖИТЕЛ НА СОПИШТЕ На плоштадот „Скендербег“ уапсен насилник

241

Полициски службеници синоќа околу 22:00 часот на плоштад „Скендербег“ го уапсија скопјанецот Д.С. (23), под сомнение дека неколку часа претходно физички и со нож нападнал жител на скопската населба Сопиште.

„Д.С. се сомничи дека непосредно пред тоа во близина на Соборен храм „Свети Климент Охридски“ и на бул.„Гоце Делчев“ под Стоковната куќа „Мост“ физички го нападнал Т.К.(33) од с. Долно Соње, општина Сопиште, при што употребил нож и му нанел убодни рани. Ножот бил пронајден и одземен, а лицето е задржано во полициска станица.






По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Поврзани содржини