БУТЕЛ МУ ПРИПАЃА НА НАРОДОТ Костовски ветува ред, правда и безбедност

Се изборивме и покажавме дека и оваа општина му припаѓа на народот, рече градоначалникот Дарко Костовски.

140

На предизборниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Бутел, кандидатот за градоначалник, Дарко Костовски, порача дека неговата цел е да создаде општина во која децата ќе растат без страв, старите ќе се чувствуваат безбедно, а чесните граѓани ќе имаат фер можности и достоинствен живот.

– Стојам пред вас како човек кој ја чувствува и дели вашата болка и надеж. Нашиот пат не беше лесен, но заедно се кренавме и ја вративме безбедноста, правдата и честа. Бутел му припаѓа на народот – истакна Костовски.






Кандидатот се осврна на периодот 2017-2021 година, кој според него бил блокиран од локални банди, корупција и урбана мафија.

– Јас добро го знаев тоа и затоа со полно срце и со целосна решителност продолживме напред заедно. Ме уценуваа, ме напаѓаа, но никогаш не се повлеков, затоа што зад мене стоите вие — чесните граѓани на Бутел. Кога стоиме заедно, нема никој посилен од нас – порача Костовски.

Костовски најави дека ќе продолжи со истата решителност да ја заштити секоја улица, секоја куќа и секој човек од влијанието на криминалот и корупцијата.

– Бутел не е веќе симбол на страв, туку е симбол на храброст. Ќе ја чуваме правдата, редот и достоинството – потенцира Костовски.

Поврзани содржини