СОМНИТЕЛЕН КУФЕР ОСТАВЕН НА ПЛОШТАДОТ „ВМРО“ Полицијата утврдила дека е празен

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на видеонадзорот биле забележани 2  лица кои го разгледувале просторот, при што едно од нив оставило куфер.

390

Лице од обезбедувањето на Јавното претпријатие „Државни патишта“ денеска околу 13 часот пријавило сомнителна активност пред канцелариите на претпријатието, лоцирани на плоштадот ВМРО во Скопје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на видеонадзорот биле забележани 2  лица кои го разгледувале просторот, при што едно од нив оставило куфер.






„Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека куферот е празен и не претставува закана по безбедноста“, соопшти полицијата.

Поврзани содржини