ОД ЃУБРЕТО ЌЕ ПРОИЗВЕДУВАМЕ СТРУЈА Проект на ЗНАМ за реализација по изборите

За тоа веќе разработуваме конкретен план, кој по изборите веднаш ќе го понудиме да се реализира – вели Горанчо Котески од ЗНАМ.

74

Време е во Македонија да никне и првата фабрика за преработка на ѓубрето од кое ќе се произведува електрична енергија. Движењето ЗНАМ за тоа веќе разработува конкретен план, кој по изборите веднаш ќе го понуди да се реализира – изјави генералот Горанчо Котески, носител на советничката листа на ЗНАМ во Советот на Град Скопје.

– Дефинитивно, загадувањето е најкомплексен проблем во градот Скопје. Земајќи ги во предвид причините и причинителите за загадениот воздух ќе иницираме и ќе се заложиме за итно затворање на Вардариште и претворање во парк со претходно преземање на технички мерки. Нема да дозволиме да се повторат слики како последните месец-два, кога, поради разни нелегални активности, се подигаше густ црн чад што го труеше Скопје – рече Котески.

Поврзани содржини