ДАНИЛ МЕДВЕДЕВ ГО „ПЕЦНА“ ЃОКОВИЌ, ЈЕЛЕНА РЕАГИРАШЕ Кој страда од бруталната влага во Шангај?

Објавувајќи коментар со иконка што се смее од срце, Јелена Ѓоковиќ индиректно ставила до знаење дека ја сфаќа провокацијата со доза на хумор од Данил Медведев. Едно е сигурно, влагата создава тешко време за сите тенисери во Шангај.

1,554

Додека повеќето тенисери едвај дишеле на Мастерсот во Шангај, се чини дека рускиот ас Данил Медведев – уживал. Неочекувано, тој признал дека му годат суровите услови, поради кои другите страдаат и дека и тој „страда со нив“, што наводно го прави среќен.

– Многумина страдаат кога е над 33 степени, а јас страдам уште на 28. Но овде сите страдаат, па тоа ме прави еднаков со нив – изјави Данил Медведев, насмеан по победата над Давидович Фокина со 6:3, 7:6.






Но, токму овие зборови се толкуваат како скриено „пецкање“ кон Новак Ѓоковиќ, кој прв јавно се пожали на екстремната влажност во Шангај. Српскиот шампион нагласи дека му е тешко да се справи со топлото време, кое го нарече „брутално“, велејќи дека „влажноста надминува 80% секој ден. Многу ми е потешко отколку пред неколку години“.

Реакцијата на пецкањето на Медведев не изостана, дури и сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена, веднаш се насмеала на оваа негова изјава.

 

Објавувајќи коментар со иконка што се смее од срце, Јелена индиректно ставила до знаење дека ја сфаќа провокацијата со доза на хумор.

Без зборови, но доволно јасно, нејзиниот коментар е оставен под видеото на Тенис Ченел, каде Медведев „со насмевка“ објаснува зошто му годи што сите страдаат од вжештеноста. Таа реакција веднаш добила десетици лајкови, а и другите коментатори го поддржале хуморот на Русинот, нарекувајќи го „легендарен“ и „премногу забавен“.

Новак Ѓоковиќ вчера се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Шангај. Тој го победи Германецот Јаник Ханфман во три сета со резултат 2:1, односно 4:6, 7:5, 6:3.

Ѓоковиќ имаше неколку изливи на бес. Тој гласно и насилно проколна во еден момент, па му рече на коментаторот:

– Ако не си слушнал, дали би сакал да ти го повторам? Можеби би сакал, но не ми е дозволено.

Интересно, додека Новак се борел на теренот, неговата сопруга Јелена била забележана на модна ревија на „Лакост“ во Париз. Облечена во брендот што Новак го носи со години, таа привлекла внимание со својот изглед.

Денеска Ѓоковиќ ќе се обиде да стигне до четвртфиналето против Хаумеа Мунара, кое  е закажано за 12:30 часот.

Поврзани содржини