🎥 СЕ СМЕШКАА, СЕ ДРЖЕА ЗА РАЦЕ, СИ ШЕПКАА НА УВО… Џенифер Лопез и Бен Афлек заедно на црвениот тепих за првпат по разводот

Џенифер Лопез и Бен Афлек повторно се сретнаа на премиерата на филмот „Бакнежот на жената-пајак“ во Њујорк, што е нивно прво јавно видување заедно откако го финализираа разводот во јануари.

1,499

Џенифер Лопез и Бен Афлек се појавија заедно на црвениот тепих, по повод њујоршката премиера на филмот „Бакнежот на жената-пајак“. Според фотографиите, тие биле пријателски расположени еден кон друг додека разговарале и им позирале на фотографите.

Бен ѝ шепка на уво, а таа се смее, тој ја става раката на нејзиниот струк додека таа чекори по црвениот тепих, со еден збор, вистински идиличен однос меѓу двајца поранешни сопружници.






56-годишната Лопез носеше фустан со црна прекривка што оформуваше пајак, додека 53-годишниот Афлек го задржа класичниот изглед во темно сино одело.
Лопез глуми во мјузиклот „Бакнежот на жената-пајак“ и е исто така извршен продуцент заедно со Афлек.

Добитникот на Оскар воодушевено изјавил во интервју за „Екстра“ на премиерата, дека Лопез била „неверојатна“ во филмот.

– На почетокот од вклучувањето на Џенифер во ова… таа едноставно сакаше да даде сè од себе и го направи тоа. Работеше енормно напорно. Можете да ги видите сите нејзини многубројни таленти, таа е некој што пораснал гледајќи, знаете, класични мјузикли. Таа навистина прави сè во овој филм – рекол  тој.
Во меѓувреме, Лопез му оддаде признание на својот поранешен сопруг за снимањето на филмот во нејзиното интервју за „Today“.

– Да не беше Бен, филмот немаше да биде (направен) и секогаш ќе му ја признаам таа заслуга – рекла таа.

Лопез, исто така, рекла дека снимањето на филмот ѝ помогнало да помине низ тежок период во нејзиниот личен живот.

– Филмот е за бегство. Станува збор за тоа дека филмовите и уметноста нè спасуваат во најтешките периоди од нашите животи. А правењето на овој проект беше еден таков сон што ми се оствари, што навистина ми помогна да преживеам момент што беше тежок и во мојот личен живот – рекла Џеј Ло.
Минатиот месец, ѕвездата од „Hustlers“ се осврна на нејзиниот и Афлек, кој беше многу публициран, развод и рече дека сега е „поинаква личност“.

– Тоа беше најдоброто нешто што ми се случи бидејќи ме промени – изјави актерката за „Sunday Morning“ на CBS News.

Таа разјасни дека тоа всушност ѝ помогнало да порасне на начин на кој требало да порасне и да стане посвесна за себе.

Од своја страна, Афлек рекол дека има „само почит“ кон Лопез по нивниот развод во интервју за GQ објавено во март.

– Претпоставувам дека постои тенденција да се гледаат раскинувањата и да сакаат да се идентификуваат основните причини или нешто слично. Но, искрено, како што реков, вистината е многу посекојдневна отколку што веројатно луѓето би верувале или би било интересно. Вистината е дека е тоа само приказна за луѓе кои се обидуваат да ги сфатат своите животи и врски на начини на кои сите ние вообичаено го правиме тоа – рекол Афлек.

„Бакнежот на жената пајак“, во режија на Бил Кондон, е филмска адаптација на истоимениот сценски мјузикл. Изведбата на Лопез како Ингрид Луна, позната како Жената пајак, доби позитивни критики од критичарите.

Мјузиклот излегува во кината на 10 октомври.

Поврзани содржини