MTEЛ ЈА НОСИ НАЈДОБРАТА СОДРЖИНА ВО МАКЕДОНИЈА Нов каталог на TS Media за сите филмски уживања на едно место!

Повеќе од 5.000 наслови и 2.000 часа програма што вреди да се гледаат, порачуваат од МТЕЛ.

96

МТЕЛ објави дека на македонскиот пазар го носи новиот TS Media, мултимедијалниот сегмент на Телеком Србија, со јасна мисија – да понуди единствен и моќен екосистем на врвна регионална продукција, дистрибуција и дигитални медиумски иновации.

По долгогодишно успешно присуство на регионалниот и на меѓународниот пазар, TS Media влегува во нова развојна фаза, отворајќи простор за нови жанрови и формати и зацврстувајќи ја позицијата на еден од најсилните медиумски брендови на Западен Балкан – сега достапен и за корисниците на МТЕЛ!






Филмски хитови и богата понуда за сите генерации

Покрај играните серии и филмови кои веќе остварија култен статус и ја одбележаа телевизиската продукција во последната деценија, TS Media носи уште поширока и побогата понуда. Публиката во Македонија сега ќе има можност да ужива во:

– Филмски и сериски хитови: Наслови како „Убице мога оца“, „Јужни ветар“, „Недеља“, „Марш на Дрину“, „Скупљачи перја“ и многу други.

– Документарни емисии: Како, на пример, документарецот „Неуспех првака“.

– Детски програми: Како што е емисијата „Баш супер клинци“.

– Музички програми: Содржини од Саша Матиќ, Аца Лукас и многу други.

– Спортски содржини, поткасти (како Telcast) и едукативни формати.

Овој чекор на МТЕЛ заедно со Телеком Србија има јасна цел – да им пружи на корисниците во Македонија мултимедијално искуство кое интегрира забава, култура, знаење и инспирација, потпирајќи се на најсовремените светски стандарди.

Регионален бренд со глобален дострел

TS Media не само што ја претставува српската и регионална креативна индустрија на најдобар начин, туку преку партнерства со најголемите светски компании, како што се Amazon, HBO и Disney+, српскатаа продукција пронајде пат до глобалната публика.

Содржината на TS Media е достапна на повеќе од 35 територии и допира до преку 60 милиони гледачи ширум светот. Фактот што Белград и TS Media годинава за прв пат во Србија беа домаќини на полуфиналното жирирање за престижната интернационална Emmy награда само ја потврдува нивната светска репутација.

Сега, најдоброто од регионалната продукција е достапно во вашиот дом, благодарение на МТЕЛ.

Поврзани содржини