ФРАНЦУСКИ ФОТОРЕПОРТЕР ЗАГИНА ВО УКРАИНА Макрон објави дека репортерот е жртва на руски напад со дрон
Нашиот сонародник ја следеше украинската армија на фронтот на отпорот. Со длабока тага дознав за неговата смрт, жртва на руски напад со дрон, напиша францускиот претседател Емануел Макрон.
Францускиот фоторепортер Антони Лаликан загина денеска во Украина како жртва на руски напад со дрон додека ја следеше украинската армија на фронтот, објави францускиот претседател Емануел Макрон.
„Нашиот сонародник ја следеше украинската армија на фронтот на отпорот. Со длабока тага дознав за неговата смрт, жртва на руски напад со дрон“, напиша францускиот претседател на Икс.
Тој им оддаде почит на сите оние кои „го ризикуваат својот живот, ја информираат јавноста и сведочат за реалноста на војната“.
Макрон изрази сочувство до семејството на починатиот фоторепортер.