ЕНЕРГЕТСКИ СМЕ ПОВРЗАНИ СО СИТЕ СОСЕДИ ОСВЕН СО АЛБАНИЈА Божиновска најави дека наскоро почнуваат работите на далекуводот кон Албанија

Министерката на панел дискусија на конференција во Атина говореше за важноста на поврзаноста во регионот, но и објасни дека конкретното Министерство е ново, а главниот приоритет беше законот за енергетика, кој, како што објасни, е многу важен и направен и донесен во согласност со Европската Унија.

57

Правиме сè за да ја подобриме поврзаноста со соседите, преку регионална соработка, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, говорејќи на панел-дискусија за енергетската транзиција и карбон неутралноста на конференцијата „Circular Gaia Symposium“ во Атина, презентирајќи ги проектите, иницијативите и приоритетите на нашата земја во енергетскиот сектор, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерката говореше за важноста на поврзаноста во регионот, но и објасни дека конкретното Министерство е ново, а главниот приоритет беше законот за енергетика, кој, како што објасни, е многу важен и направен и донесен во согласност со Европската Унија.






– Како земја јасно ја дефиниравме нашата стратегија, имаме цел да станеме јаглеродно неутрална економија до 2050 година во согласност со европските цели и глобалните обврски, а нашата транзиција не е само енергетски процес, туку е и економски и социјален проект, па го гледаме како процес на одржливост, безбедност и конкурентност – истакна министерката.

Додаде дека според официјалните податоци, за прв пат имаме енергија што доаѓа 40% од обновливи извори, а говореше и за инвестициите во земјата и соработката со низа странски институции, посочувајќи дека „за инвестиции во обновливи извори на енергија, потребни се и инвестиции во инфраструктурата“.

Во регионален контекст, нагласи дека е многу важна комуникацијата и поврзаноста и како пример го спомена прекинот на електричната енергија што се случи пред 2 години во Хрватска, а имаше влијание и на Босна и Херцеговина.

Детално се осврна на интерконекторот  со Грција, проектот на север со Србија што ќе се простира до централна Европа, објасни дека се водат разговори и со Косово, а единствената земја со која не постои енергетска поврзаност е Албанија, меѓутоа нагласи дека сега по успешниот тендер ќе започнат работите и на оваа линија.

Божиновска објасни дека со завршувањето на рокот за поднесување апликации од инвеститорите се планираат активностите за следната година, што воедно е првпат во Македонија да се носи годишен план за инвестиции со цел заштита на мрежите и капацитетите, посочувајќи дека пристигнале над 180 апликации.

-Минатата година го посетивме и Брисел, имаме одлична комуникација со Енергетската заедница во Виена, ги следиме најновите закони. А исто така имаме и многу инвестиции, имаме проект што е во тек со повеќе од 400 мегавати, кој веќе е во изградба, а следната седмица ќе ги одредиме инвеститорите за следната година – објасни Божиновска.

Поврзани содржини